lg-g-watch-colors

Минатиот месец Google ја претстави посебната верзија од Android оперативниот систем наменета за уредите за носење, како што се паметните часовници, наречена Android Wear. Истиот ден LG и Motorola излегоа со најава дека развиваат паметни часовници кој што ќе работат на овој оперативен систем и истите се очекува да бидат претставени некаде во втората половина од оваа година. Меѓутоа повеќе информации, освен неколку основни, не беа понудени на денот на најавата, па остана да причекаме за понатаму.

LG оваа недела претстави нова веб страна на која што може да се видат нови информации за нивниот паметен часовник LG G Watch. Информациите не се целосни, односно тие покажуваат само неколку од карактеристиките од претстојниот часовник, кои што треба да дадат подобра претстава за тоа што може да се очекува. Од страната може да се видат следните работи:

Избор од две бои LG G Watch ќе доаѓа во две бои за корисниците да изберат, односно во црна и шампањ златна боја. Дизајнот на часовникот ќе биде едноставен и минималистички, направен во правоаголна форма и како што кажуваат од LG, наменет е да биде безвременски. Ремените ќе бидат направени од гумен материјал без некакви посебни карактеристики кои што се истакнуваат.

Google Now интеграција Како што и се очекува од уред кој што работи на Android оперативниот систем, една од главните негови функции ќе биде Google Now, односно личниот асистент од Google, кој што постојано „слуша“ за Ok, Google командата со која што се активира.

Отпорен на вода и прашина LG G Watch паметниот часовник ќе доаѓа со отпорност на вода и прашина, нешто што сепак не е стандардно кај овие уреди. Повеќе информации за стандардите кои што ги задоволува оваа функција се’ уште нема.

Постојано вклучен Кај конкуренцијата може да се најдат часовници од двата типа, односно кој што се постојано вклучени и тие што е потребно да ги вклучите за да видите информации, како кај паметните телефони. LG се одлучи нивниот часовник да биде постојано вклучен, па информациите кога ќе сакате да можете да ги видите без потреба од дополнителни активности.

Официјална дата кога LG G Watch треба да биде достапен за корисниците се’ уште не е објавена, па останува претходната најава за втората половина од оваа година.

Извор: LG

  • ОЗНАКИ
  • LG
Претходна статијаDiMora Vicci Convertible спој на класика и технологија
Следна статијаНовото Start мени ќе биде достапно од оваа есен?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.