Дизајниран од DiMora Motorcar, кои доаѓаат од Palm Springs, California, автомобилот Vicci 6.2 Convertible, е модел кој што е инспириран од возилата користени од далечните 1930-ти. Овој “неокласичен” автомобил е опремен со V8 мотор, произведен од General Motors, со работна зафатнина од 6.2 литри, кој развива неверојатни 430 коњски сили. Истиот е поврзан со GM 4L65-E, 4 степен автоматски менувач.
Оваа комбинација овозможува да овој автомобил со тежина од 1.279 килограми, за само четири секунди постигне забрзување од 0-100 km/h. Ако на некому не му се чини доволно ова, од компанијата подготвени се да понудат и верзија на овој автомбил со 556 коњски V8 мотор, со 6 степен мануелен менувач.
Двете верзии од овој кабриолет, се со кров од три слојно платно, а телото на автомобилот е направено од карбонски влакна. Внатрешноста на автомобилот е опремена со италјански кожни седишта, Wilton волнени теписони, ентериер од оптички влакна, вградена Wi-Fi конекција, Kenwood Exelon стерео систем, Garmin GPS навигација, камера за поглед од 360 степени, итн. Првите 25 автомобили ќе имаат специјална можност да нивната надворешност биде дизајнирана од тајванскиот уметник Lee Sun-Don.
Иако цената на Vicci се’ уште не се објаува, од неофицијални извори се дознава дека истиот веќе се продава по цена од 1 милион долари. Инаку, компанијата DiMora Motocar уште од 2007 година има објавено дека работи на производство на првиот рачно изработен, технолошки напреден, луксузен автомобил наречен Natalia SLS. Ова чудо од автомобил ќе биде опремено со 16 цилиндричен “Volcano” мотор кој ќе развива 1.200 коњски сили. Надворешноста, однонсо телото на автомобилот ќе биде направено од матерјал кој е 8 пати поцврст од челикот. Цената на овој автомобил е веќе позната и изнесува 2 милиони долари, а се шпекулира дека веќе имаат и заинтересирани клиенти од Обединетите Арапски Емирати.