lggram-100617411-large

Лаптоп компјутерите полека но сигурно се доближуваат на таблетите во димензиите и тежината, а најблизу до тоа досега е новиот LG Gram лаптоп, кој има тежина од само 990 грама, па оттаму и името на моделот.

Оваа тежина се однесува на моделот со дисплеј со големина од 13 инчи и Full HD резолуција, додека поголемиот, 14 инчен модел тежи малку повеќе. И двата модели имаат дисплеи со специјален мод за читање, кој ја намалува светлината од синиот спектар и со тоа го намалува заморот на очите.

DSC_5740.0

За разлика од MacBook на Apple, кој ја има послабата Core M серија на процесори, тука е вграден целосен Intel Core i5 процесор од петтата Broadwell генерација, кој треба да понуди респектабилни перформанси, заедно со 8 GB рам меморија и SSD диск со капацитет од 128 GB. Лаптопот има две USB 3.0 порти, HDMI и слот за micro SD картичка.

Секако, намалувањето на масата на лаптопот одзема од некои други функционалности, па така тастатурата е без заднинско осветлување, а батеријата трае само 7,5 часови, што е доста помалку од новите ултрабук лаптопи на конкурентите од Windows и Mac OS X сферата. Исто така, изработката не е од алуминиум, туку од мешавина на карбон – магнезиум и пластика.

LG Gram доаѓа со вграден Windows 10, без никаков софтвер инсталиран од производителот, што е секако позитивна работа, а почнува од 899 долари за помалиот, односно 999 долари за поголемиот модел.

Извор: The Verge, PC World

Претходна статијаНовите „магични“ тастатура, маус и тачпад на Apple
Следна статијаBLOCKS – Неверојатно добар модуларен паметен часовник