2016-04-14-image-13

Повозрасните од Вас сигурно се сеќаваат на златните денови на Pentium, кога оној со најмногу мегахерци беше главниот фраер во маало. Сепак, последнава деценија, Pentium процесорите се наменети за поевтините лаптопи и десктоп компјутери, заедно со уште поевтината Celeron линија и штедливите Atom чипови.

Новите модели од Apollo Bay линијата ќе бидат базирани на Goldmont архитектурата, која ќе донесе големи подобрувања во однос на досегашните Pentium и Celeron чипови. Ова главно се однесува на потрошувачката на енергија – очекувајте многу подолго траење на батеријата кај евтините лаптопи.

Intel ветува и подобрување кај перформансите, но не очекувајте тие да бидат на ниво на “Core” серијата на процесори. Подобрена ќе биде и графиката, која е многу слаба страна на актуелните процесори од Braswell генерацијата.

Новите Apollo Bay процесори очекувајте да ги видите во мноштво лаптопи со цена до околу 18.000 денари, како и во канцелариските десктоп компјутери. Во превод, секаде каде што не се бараат претерано високи перформанси.

Atom линијата пак, која исто така ќе биде базирана на Goldmont архитектурата, ќе се вградува во таблетите и телефоните, но таа треба да пристигне подоцна.

Intel отсекогаш имал и по некоја „гејмерска“ верзија на Pentium чип, која е обично отклучена и може лесно да се overclock-ува и која е наменета за оние кои сакаат гејминг, а немаат толку длабок џеб – еве и надеж дека традицијата ќе ја продолжат и во новите модели.

Првите примероци од новите Pentium и Celeron процесори на Intel ќе ги видиме во втората половина од оваа година.

Извор: PCWorld, Techspot, Digital Trends

Претходна статијаПанамските документи – тензична и тешка операција која носи критика
Следна статијаInFocus ја претстави “Pro” верзијата на својот Kangaroo мини десктоп компјутер