ee34e55c26dcbb3dbbf081580e8e57fd_original

Колку и да се спротиставуваме на идејата, паметните телефони стануваат сè подобри во квалитетот на фотографии и видео, додека она што моментално ги ограничува се објективот и сензорот. Но, многу од поголемите производители на мобилни уреди во нивните најдобри уреди употребуваат поголеми сензори од останатите. На пример Nokia Lumia 1020 која има ⅔ поголем сензор од останатите мобилни уреди и Full HD видео со одличен квалитет.

Досега, многу видео спотови и кратки филмови се снимени со мобилни уреди и сите имале потешкотии за стабилизација на уредот и со импровизирани држачи за дополнителни објективи. Од таа причина тимот позади BeastGrip одлучуваат да го подобрат претходниот BeastGrip систем со тоа што ќе поддржува повеќе уреди, ќе биде полесен за употреба и ќе има подобрена модуларност.

Дополнително, BeastGrip Pro дозволува и користење на објективи од DSLR апрати со уникатниот систем за адаптирање на полето на фокус (тоа е всушност дополнителен адаптер). Тоа во пракса функционира како да снимате видео низ окуларот на вашиот DSLR апарат, само што во случајот со BeastGrip Pro, мобилниот уред е фиксиран на системот и растојанието е точно пресметано (иако може да го подесите по потреба).

f859df6f18f4ba425a226abb0ed651e6_original

Дополнително BeastGrip Pro има доволно простор за сите дополнителни уреди што би ви требале за снимање на едно професионално видео, а можете да го прикачите на трипод или стабилизатор, и воедно да прикачите 2 светла, микрофон и сè што ви е потребно. Модуларноста дозволува да ги извадите деловите кои не ги користите со цел да се задржи компактноста.

BeastGrip Pro има и неколку адаптери кои имаат улога на објектив пред објективот на паметниот уред со цел да ви овозможат фотографирање и снимање со различен агол на преглед од тој на самиот телефон. Широкоаголниот адаптер и fisheye адаптерот кои си ја вршат нивната улога одлично, имаат вграден макро филтер кој може да се извади по потреба. Така, покрај тоа што можете да го зголемите видното поле, можете да се доближите многу поблиску до објектот од кој сакате да направите фотографија или видео.

Продажната цена на Beastgrip Pro ќе биде 89,95 долари, а макро и широко аголниот адаптер ќе чинат вкупно 60 долари. Адаптерот за DSLR објективи чини 149,95 долари. Целиот сет можете да го добиете за 299,8 долари.

Кампањата на Kickstarter за BeastGrip Pro во моментот на пишувањето на овој текст е речиси  4 пати над поставената цел од 50.000 долари.

Извори: Kickstarter, Beastgrip

Претходна статија„Старо донеси, ново однеси“ – Еко кампања за замена на неисправни за нови апарати
Следна статијаЗемјотресите ќе се откриваат со мобилните телефони