ollYx6PDwJTK.878x0.Z-Z96KYq

Водено ладење, во лаптоп, досега беше научна фантастика. Решението на Asus во новиот ROG GX700 гејмерски модел не е најелегантно и преносно, но барем овозможува перформанси многу блиски на десктоп гејмерска машина, што секако не е за потценување.

Покрај тоа што има водено ладење, GX700 е меѓу првите со новата серија на Skylake K серијата на процесори на Intel, кои се пак првите процесори на компанијата што се наменети за лаптопи и се отклучени. Ова значи дека зголемувањето на фреквенцијата, односно популарниот “overclock”, ќе е многу лесен, само со менување на вредностите во BIOS-от.

asusgx700handson14_1020.0

Лаптопот доаѓа и со GTX серијата на графички на Nvidia и со дисплеј со максимум Ultra HD резолуција, растегнати на дијагонала од 17 инчи. Секако, како и секој гејмерски лаптоп и овој е опремен со осветлена тастатура.

Делот за водено ладење секако е дополнителен, бидејќи истиот не би можел да се вгради во тенкото куќиште на лаптопот. Ставањето на ладењето е лесно и не бара некое посебно знаење, иако загрижуваат конекторите за цевките за вода, кои не сум сигурен колку долго би издржале…

asusgx700handson15_1020.0

Заедно со него, GX70 станува голем скоро колку десктоп компјутер, но добрата вест е што корисникот не мора да го користи секогаш ладењето, односно тоа е повеќе наменето за корисниците кои ќе ги користат “overclock” можностите, кога водењето ладење е морално.

Како и да е, ете, за сите кои сакаат максимум детали во најновите игри, ете, сега има и лаптоп со водено ладење.

Извор: The Verge, PC Gamer

Претходна статијаПатент на Apple за батерии кои ќе можат да траат повеќе недели
Следна статијаLenovo Yoga Pad 3 е таблет со ротирачки проектор