Кога Apple го претстави Mac Studio на почетокот од минатиот месец со M1 Ultra чипот, се зголемија прашањата околу M2 чипот, односно кога може да се очекува наредната генерација од веќе година и половина „стариот“ чип од компанијата.

Иако од M2 не се очекува да биде посилен од M1 Ultra, кој е составен од два споени M1 Max чипови, тој сепак треба да им донесе одредено подобрување на основните модели кои не бараат огромна моќ при работата.

Сега конечно имаме нешто поконкретни информации, иако неофицијални, кои ни даваат подобар поглед кон тоа што може да се очекува. Познатиот Марк Гурман од Bloomberg излезе со повеќе верзии од Mac компјутерите кои треба да работат на неколку нови M2 чипови. До информациите доаѓа поради тестирањето кое Apple наводно го прави со апликации кои не се нивни, па е дојдено до нивното споменување во истите.

Според овие информации, Apple спрема девет различни Mac компјутери кои ќе работат со M2, M2 Pro и M2 Max чиповите кои уште чекаме да бидат официјално претставени. Со оглед на тоа дека Apple не ги продава своите чипови, обично ги презентира заедно со нови уреди кои работат на нив.

Компјутерите од кои се очекуваат нови верзии со M2 вклучуваат нов MacBook Air со M2 чип, кој има 8 процесорски јадра, но повеќе графички, односно 10 графички јадра.

Исто така се најавуваат две нови верзии од Mac mini кој ќе има варијанта со M2 чипот, но и со M2 Pro.

Со М2 се очекува да дојде и новата верзија од основниот MacBook Pro со 13 инчен екран, а се очекуваат и по две нови варијанти од MacBook Pro моделите со 14 и 16 инчни екрани. Поголемите модели треба да дојдат со M2 Pro и M2 Max чипови.

Иако се чини дека е брзо, но се најавува и Mac Pro кој би работел на M2 Ultra, наследникот на M1 Ultra кој доаѓа кај Mac Studio.

Според информациите, не треба сите овие компјутери да се очекуваат на еден настан, па дел од нив би требало да ги видиме на WWDC конференцијата во јуни, а останатите на посебни настани во вториот дел од годината.

ИЗВОРMacRumors
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаСе одржа годишното собрание на АЕТМ – Ангеловска реизбрана за претседател
Следна статијаСеавус ќе одржи експертски панел за Автоматизирано тестирање на 18 април
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.