Како што знаете, стикерите се сликички кои што ги заменија помалите и стари смајлија или емотикони, како кој ги нарекува. Тие се поголеми, со подобар дизајн и квалитет, а поради популарноста кај корисниците нивниот избор е се поголем. Facebook првпат ги воведе стикерите минатата година како можност за испраќање во пораките. Не сме сигурни колку овие стикери се популарни кај нашите корисници, меѓутоа очигледно се користат во доволен број во светот, па Facebook решаваат да ја прошират нивната достапност и можност за користење.
Од оваа недела стикерите ќе можете да ги користите кога оставате коментари на некој од објавите на вашите пријатели или групи. Во оваа фаза тие ќе бидат ограничени на тие објави, односно нема да може да се користат на објавите од Facebook страните.
Стикерите ќе се користат исто како и во пораките, односно кога ќе притиснете во полето за оставање на коментар, на десната страна сега е додадено копче преку кое што можете да изберете некои од нивниот голем број. Како што би очекувале нема разлика помеѓу тие што се достапни во пораките, па доколку имате некои омилени стикери, сега ќе можете да ги користите и во коментарите со пријателите.
Извор: VB