Фото: Shutterstock.com

Тоа што започна како тест во Нов Зеланд и Филипините, сега изгледа може да се очекува во повеќе земји, ако не и во сите. X во основа планираат да им наплаќаат на сите нови корисници, односно ново креирани сметки, за да можат да објавуваат, да „лајкуваат“, да зачувуваат објави или да одговараат на објавите.

Сумата која би била поставена треба да е мала, во тест земјите истата изнесува 1 долар месечно, а причината за оваа претплата е справувањето со спам и бот сметките.

Во основа, целта е да на огромниот број на бот сметки кои се отвораат им стане неисплатливо затоа што и нема да може од иста платежна картичка да се платат повеќе сметки.

Елон Маск истакнува дека бот сметките со развојот на вештачката интелигенција е скоро невозможно да се разликуваат од останатите, па потребни се вакви мерки.

Дека проширувањето на оваа мерка се планира објави Елон Маск како одговор на неговата мрежа баш на оваа тема. Тој исто така додаде дека новите корисници ќе треба да плаќаат само во првите три месеци, а не цело време.

ИЗВОРTechSpot
  • ОЗНАКИ
  • X
Претходна статијаПовисокиот аудио квалитет кај Spotify изгледа конечно ќе пристигне оваа година
Следна статијаРаботилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.