Фото: Shutterstock.com

X започнува со уште една мерка која е насочена кон намалувањето на бот сметките, поточно од сметките кои се прават со цел на спамирање и масовна објава.

Тоа ќе се прави преку месечна претплата од 1 долар, за почеток само за новите корисници во Нов Зеланд и Филипините. Корисниците во овие земји, при креирањето на нова сметка ќе мора да го верификуваат нивниот телефонски број и да платат 1 долар, претплата која ќе се наплатува секоја година.

Од компанијата истакнуваат дека сумата е ниска и целта не е да се заработи од оваа претплата. Not a bot претплатата треба драстично да ги намали бот сметките, кои обично се во голем број од една страна, нешто што е доста потешко изводливо кога ќе се бара телефонски број и платежна картичка.

Корисниците кои не сакаат да го направат новиот процес, ќе можат да креираат сметка, но истата ќе можат да ја користат само за читање на објавите, а тие нема да можат да објавуваат.

„Од 17 октомври 2023 година, започнавме со тестирање на „Not A Bot“, нов метод за претплата за нови корисници во две земји. Овој нов тест беше развиен за да ги зајакне нашите веќе значајни напори за намалување на спам, манипулација со нашата платформа и активности на бот сметките. Ова ќе процени потенцијално моќна мерка што ќе ни помогне да се бориме со ботови и спамери на X, а истовремено да ја балансира пристапноста на платформата со малата сума на надомест. Во рамките на овој тест, постоечките корисници не се засегнати.“ – истакнуваат од X.

Од компанијата исто така додаваат дека дополнителната претплата се има покажано како ефикасна мерка за справување со ботовите на мрежата.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаПрва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство
Следна статијаiPad на преклоп може да се очекува идната година, уредот веќе „интензивно е во развој“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.