w10-ss

Windows Insider програмата е нов начин на кој што Microsoft сака да го добие вашето мислење за време на развојот на оперативниот систем. За првпат беше претставена со претставување на Windows 10, новата верзија од оперативниот систем која што треба да ја врати популарноста кај корисниците. Оваа верзија е најавена за периодот после Април идната година кога се одржува Build 2014 конференцијата. До тогаш е достапна Technical Preview верзијата преку која што и функционира Insider програмата, а се очекува и достапност на Consumer Preview на почетокот од идната година, верзија која што ќе биде постабилна и погодна за обичните корисници.

Фидбекот кој што Microsoft го очекува од корисниците на Windows 10 и Insider програмата може да се даде преку посебната апликација која што доаѓа инсталирана со оперативниот систем. Во неа исто така ја имате можноста да поддржите одреден предлог со што се создава еден вид на гласање и популарност на одредени предлози.

Веќе познатиот за следбениците на случувањата околу Microsoft, Јое Belfiore, излезе со податоци околу Windows Insider програмата на неговиот Windows Blog. На оваа програма до сега се имаат регистрирано повеќе од 1 милион корисници кои што до сега имаат пуштено повеќе од 200.000 повратни информации и предлози. Исто така, статистиките кажуваат дека 64% од корисниците ја имаат инсталирано TC верзијата од Windows 10 како главен систем директно на дискот, додека 36% ја имаат инсталирано на виртуелна машина.

Можеби не се работи за огромна бројка доколку се спореди со бројот на корисници на некаков десктоп оперативен систем, меѓутоа со оглед на тоа што оваа верзија е наменета за програмерите, се гледа дека интересот не е мал. Она што нас не интересира е да видиме колку од компанијата навистина ќе прифатат од предлозите, односно барем тие кои што се со најголема поддршка. Доколку повеќето предлози бидат прифатени, можеби оваа верзија кога ќе биде официјално достапна ќе ја врати популарноста на овој оперативен систем.

Извор: Windows Blog

Претходна статијаFacebook стикерите достапни и за коментарите
Следна статијаНаучниците ја бараат вашата помош во следењето на космичките зраци
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.