Screenshot 2014-09-30 20.11.12

На настан кој што се одржа денес, Microsoft, како што беше најавено, ја претстави наредната верзија од својот Windows оперативен систем. Можеби едно од најголемите изненадувања, иако беше најавено ново име, беше именувањето на оперативниот систем. Новото име на оперативниот систем е Windows 10, а не како што се очекуваше Windows 9, Windows One, Windows Threshold или едноставно Windows. Joe Belfiore изјави дека иако со ова именување тие ја прескокнуваат бројката 9, кога ќе почнеме да го користиме системот, ќе се сложиме дека бројката 10 е заслужена.

Што се однесува до останатите промени, односно промените кои што вас како корисник ќе ве интересираат, Windows 10 ги вклучува повеќето најавени преку неофицијални информации. Сепак, видеата и сликите, како што беше најавено доколку беа точни, се од постари тест верзии, па она што беше претставено изгледа нешто поразлично.

Една од главните најави на презентацијата беше новата Windows Insider програма која вклучува симнување на Technical Preview верзија од оперативниот систем, како и добивање на фидбек од корисниците, врз основа на која што системот ќе биде граден во периодот што следи. Финалната и официјална верзија од Windows 10 се очекува да биде достапна некаде на половината од идната година, а сите заинтересирани корисници од утре ќе можат да ја симнат Technical Preview верзијата за лаптоп и десктоп компјутерите. Тест верзијата за серверите е најавена за нешто подоцна. Овие верзии не се препорачани да се користат на вашиот главен компјутер каде што работите или правите било какви други важни дневни активности. Како корисник на Insider програмата и тест верзијата од Windows 10, почесто ќе добивате надградба на системот со подобрувања или нови функции.

Да се вратиме на главната работа. Што ново донесува Windows 10 ?

Start мени и пребарување (Search)

Како што беше најавено и од страна на Microsoft, Start менито се враќа во Windows 10. Истото е направено како комбинација помеѓу старото Start мени во Windows 7 и модерната Windows 8 околина. На левата страна се поставени „обичните“ програми, додека на десната страна „Живите плочки“. Плочките може да се додаваат, тргаат, да им се менува големината, а сето тоа ќе ја промени и големината на новото Start мени.

Screenshot 2014-09-30 20.11.13

Подобрување има и во функцијата за пребарување на Start менито, која што сега покрај пребарување на локалните програми и фајлови, пребарува и на интернет. Ова исто така може да се каже дека е вклопување на модерната Search функција во новото Start мени на десктоп околината. Со други зборови, корисниците на маус и тастатура, веќе нема да има потреба да го гледаат Start екранот, кој што и така повеќето не го користеа.

Screenshot 2014-09-30 20.11.33

Виртуелни десктоп околини и мултитаскинг

Како што исто така беше најавено, Windows 10 вклучува виртуелни десктоп околини, нешто одамна достапно на Linux базираните оперативни системи. Околините ќе се менуваат преку притискање на ново копче достапно на taskbar-от, преку кое што ќе се покренува новата „Task View“ функција. Оваа функција во основа ви ги прикажува сите активни програми на моменталната десктоп околина, за полесно да можете да видите се што ви е вклучено и тоа што сакате да го донесете во преден план.

Screenshot 2014-09-30 20.12.25

Исто така, Snap функцијата, која што ви овозможува подредување на прозорите од две апликации на по половина од екранот, вклучува подобрувања. Сега кога ќе ја ставите едната програма на едната половина од екранот, Windows 10 ќе ви даде предлог од останатите вклучени програми лесно да ги поставите на другата половина. Покрај тоа, Snap функцијата сега вклучува можност да поставите до 4 програми, секоја на ¼ од екранот. Модерните апликации исто така ќе може да се постават на дел од екранот преку оваа функција.

Screenshot 2014-09-30 20.12.43

Continuum и модерната околина

Windows 10 ја задржува поддршката за екраните на допир, а посебно за уредите кои што се наменети да функционираат како два вида на уреди. Се разбира мислиме на хибридните уреди кои што може да се користат како лаптоп и таблет компјутер. Charms лентата ќе биде вклучена во Windows 10 и покрај најавите дека истата веќе нема да постои. Корисниците ќе добијат нов Start екран кој што ќе биде скоро вклопен во десктоп околина за полесно преминување помеѓу двете околини. Taskbar-от ќе се гледа, а може да се каже дека модерната околина ќе изгледа како едно големо Start мени на целиот екран.

Една од поважните работи, исто така најавени, е можноста на модерните апликации да функционираат во посебен прозор на десктоп околината. Ова ќе биде единствениот начин да ги вклучите овие апликации доколку сте корисник на маус и тастатура, а тука е можноста за нивно максимизирање доколку некои од нив сепак сакате да ги користите на целиот екран.

VRG_1110.0

Windows 10 ќе вклучува и голем број на позадински подобрувања, како и подобрувања на одредени програми. Апликациите ќе бидат споени во една продавница, без разлика за каков вид на уред се работи.

Technical Preview инсталационите фајлови ќе можете да ги симнете почнувајќи од утре преку preview.windows.com страната.

Дел од сликите се преземени од The Verge порталот кој што имаше свои претставници на медиа настанот.

Претходна статијаНови стилски безжични слушалки Zik 2.0 од француската компанија Parrot
Следна статијаГледајте го вчерашниот настан на кој што беше претставен Windows 10
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.