crshower2_nasa

Космичките зраци претставуваат високо енергетско зрачење кое што најчесто доаѓа надвор од нашиот сончев систем. Потеклото на овие зраци е се’ уште предмет на истражување, иако се верува дека еден од изворите се суперновите, односно експлозиите од ѕвездите при нивното умирање. Земјата секојдневно е бомбардирана од космичките зраци кои што во одредени случаи успеваат да стигнат и до Земјината површина. Се разбира оваа појава не е нова, па овие зраци не претставуваат закана за животот кој што е заштитен од атмосферата. При пенетрирањето на космичките зраци во Земјината атмосфера, поминуваат одреден дел од нив при што се создава појава наречена воздушен дожд. Овие воздушни дождови се во главно составени од фотони и миони (негативно наелектризирана субатомска честичка).

Научниците од Калифорнискиот Универзитет, поточно Одделот за физика и астрономија, имаат дојдено до идеа како поефикасно да се дојде до потребните информации од воздушните дождови. Тие сакаат да ги искористат огромниот број на мобилни телефони во светот, бројка која што е над милијарда, во детектирањето на честичките од космичките зраци. Камерите на мобилните телефони се во можност да ги детектираат честичките, па доколку доволно луѓе се вклучат во програмата, ќе можат да се соберат информации како што тоа сега не е можно со сензорите кои што се користат од страна на научниците. Градењето на доволно големи сензори претставува скапа работа која што очигледно научниците не успеваат да ја финансираат.

crayfis-logo

За да ние, корисниците на мобилни телефони, се приклучиме во програмата не треба да направиме ништо повеќе од инсталирање на апликација која што е уште во тест фаза. Апликацијата ќе биде достапна за корисниците на Android и iOS и ќе функционира за време кога уредот е ставен на полнач и екранот е исклучен. Информациите кои што ќе бидат собрани ќе бидат испраќани преку интернет. Програмата е наречена Cosmic Rays Found in Smartphones, односно CRAYFIS и за неа е отворена регистрација за заинтересираните корисниц.

Извор: Engadget, Ars Technica, UCI

Претходна статијаНа Windows Insider програмата досега се приклучени повеќе од 1 милион корисници
Следна статијаНаскоро подводно дишење како риба
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.