Фото: Shutterstock.com

После години на огромна популарност поради која беа претставени Reels кај апликациите од Meta и Shorts кај YouTube, TikTok сега ќе бидат тие кои ќе се обидат да земат од пазарот на нивните конкуренти.

Од компанијата изгледа се подготвуваат да претстават посебна апликација за споделување на слики, која би била конкурент на Instagram. TikTok Photos е името кое се верува дека ќе се користи за оваа апликација.

До оваа информација доаѓаат од TheSpAndroid преку разгледување на кодот на најновата верзија од TikTok апликацијата.

Во кодот се забележани делови кои ја споменуваат новата апликација, односно делови како „Open TikTok Photos“, „Get TikTok Photos“, „Share this post to TikTok Photos“ и слични.

Ова е повеќе од доволно за да може да се направат претпоставките, па слободно може да се каже дека од компанијата работат на нова апликација која ќе биде направена за споделување на слики.

Останува само уште да видиме кога се планира нејзиното претставување, а ќе биде интересно да се види дали апликацијата ќе успее да се надоврзе на популарноста на TikTok.

Инаку, TikTok е апликацијата која ги направи популарни видеата во вертикален формат, иако не се првите кои се обидоа на такво нешто. Популарноста на TikTok е толку голема што Meta ги насочи своите ресурси изминатите години на „одбрана“ од TikTok воведувајќи ги Reels.

Сега од компанијата изгледа повторно ќе бидат доведени во ситуација да мора да се борат за задржување на своите корисници, по ќе видиме како ќе се одвиваат работите.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаMicrosoft овозможи целосно бришење на OneDrive од Windows
Следна статијаDiscord ја отвора можноста за развој на игри и апликации за сите програмери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.