facebook-videos

Статистиките покажуваат дека видео содржината на социјалните мрежи станува се повеќе популарна, а корисниците се почесто одлучуваат да се изразат преку објава во ваква форма.

За Facebook е важно да популарната содржина е достапна за сите корисници, а корисничкото искуство при интеракција со истата, најдобро што може.

Во случајот со видео содржината најголем проблем кој може да се појави е лошата интернет конекција која не овозможува непрекинат стриминг, а уште помалку добар квалитет на видеото.

Во голем дел од светот, како и во нашата земја, проблем со брзината на интернетот ретко е случај за корисниците. Меѓутоа, во не толку мал број на земји, брзината на интернет конекцијата е се’ уште нерешен проблем.

За да го реши овој проблем, од Facebook ќе започнат со тестирање на можност за симнување на избраната видео содржина на мобилната апликација, по што истата ќе може да се гледа во било кое време без потреба од поврзаност на интернет.

Тестирањето ќе се прави на ограничен број на корисници во Индија, земја со огромен број на корисници, но и не толку добар мобилен интернет.

Од компанијата истакнуваат дека корисниците ќе може да ја симнат видео содржината кога се на добра интернет конекција, па потоа да ја гледаат во било кое време.

За заштита на авторските права, видеата нема да може да се гледаат од други апликации, како и од прегледувачите на фајлови. Тоа значи дека содржината ќе биде симната само на Facebook апликацијата, а објавувачите на видеа ќе може да изберат нивното видео да не може да биде симнато.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаAvast го купува конкурентот AVG за 1,3 милијарди долари
Следна статијаFacebook Messenger има нов покорисен главен екран
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.