Интересна и неочекувана новост може да се каже е главна за денешниот ден. Две од најпознатите сигурносни или едноставно кажано анти вирус компании, стануваат дел од една компанија.

Компаниите за кои се работи се Avast и AVG, а првата ја купува втората, односно планира да ја купи за вкупно 1,3 милијарди долари. Купувањето ќе биде направено преку откупување на сите обични акции на компанијата во вредност од 25 долари по акција.

По успешното завршување на купувањето кое се’ уште треба да биде одобрено од акционерите, Avast ќе стане една од најголемите сигурносни компании со повеќе од 400 милиони корисници во целиот свет.

Инаку, двете компании се основани пред нешто помалку од 30 години во Чешка, односно Чехословачка, по што се прошируваат во целиот свет. Седиштето на AVG сега се наоѓа во Амстердам од каде што се извршуваат повеќето активности.

Производите на двете компании се едни од најмногу користените и ценети во светот, па со комбинирањето на знаењето и ресурсите, може да се очекуваат уште подобри производи и конкуренција на Symantec, Kaspersky, BitDefender и слични.

Овие две компании се можеби и најпознати по своите бесплатни верзии на анти-вирус, за компјутерите, но и на мобилните. Тие и го започнаа трендот на бесплатни вакви програми кои навистина нудат одлично ниво на заштита на интеренет.

Извор: Avast, VB

Претходна статијаВо минатото Земјата имала повеќе магнетни полови одеднаш
Следна статијаFacebook тестира можност за симнување на видеата за гледање без интернет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.