featured1

Главниот екран, односно Home Screen делот, којшто е првото нешто што го гледате кога ќе го вклучите Messenger доби прва позначајна промена која треба да го направи многу покорисен, а со тоа и целата апликација.

Досега, овој дел од апликацијата ги прикажуваше сите разговори кои ги имате на Facebook, се разбира по редослед од најновиот, па надолу. Прилично едноставно и очекувано за една ваква апликација.

Сепак, промените кои ги направи Facebook, ќе овозможат да повеќето корисни информации ги добиете токму на главниот екран, па нема да мора да ги отворате останатите делови од апликацијата, а исто така и други апликации.

Главниот екран сега е поделен во неколку делови кои прикажуваат различни работи, а не само започнатите разговори.

На почетокот сепак главно внимание добиваат разговорите, со тоа што сега се поставени само неколку од најновите, а не сите. Под нив е прикажана листа од вашите омилени контакти, односно тие со коишто најчесто комуницирате, па лесно можете да започнете нов разговор без потреба од отворање на посебниот таб во апликацијата за оваа намена.

Потоа, главниот екран ви ги прикажува активните корисници во моментот, па како што истакнуваат од компанијата, можеби ќе ве мотивира да кажете здраво на некој од вашите пријатели кои гледате дека веднаш се достапни за комуникација.

asset-1

Интересно, главниот екран исто така ќе ви прикажува и кои од вашите пријатели имаат роденден, па на овој начин веднаш можете да им испратите порака со честитки.

На крајот од листата се прикажани остатокот од разговорите, кои се разбира мора да бидат прикажани ако се достапните на сервисот.

Промените Facebook започна да ги воведува уште пред околу две недели, прво на iOS, по што следуваше и Android верзијата од Messenger, па до сега повеќето од вас би требал да ги имаат добиено.

Извор: Facebook

Претходна статијаFacebook тестира можност за симнување на видеата за гледање без интернет
Следна статија9-то издание на Викенд Медиа Фестивал
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.