Корисниците на Google Workspace пакетот за бизнис корисници кои ја користат Google Chat апликацијата во нивната работа, сега можат да разговараат со корисниците од другите апликации без потреба од нивна инсталација.

Google Chat ја доби можноста да функционира со Microsoft Teams и Slack, две конкурентни апликации од истата категорија, па корисниците ќе можат цела нивна бизнис комуникација да ја прават преку една апликација.

Оваа можност досега беше достапна во бета верзија за дел од Google Workspace корисниците, а сега официјално им станува достапна на сите. За обичните корисници можно е нешто слично во иднина, но ова сепак е функција која е замислена за овие бизнис апликации.

Дел од причината зошто Google се одлучи на ваква можност, покрај реалните предности, е се почестото менување на законите, како тие во ЕУ, според кои се бара големите апликации да можат да функционираат со други конкурентни апликации.

Корисниците на Google Chat ќе можат да разговараат со корисниците на Microsoft Teams и Slack, ќе можат да ги означуваат колегите, да споделуваат датотеки, да користат „емоџи“ икони и слично.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаФункциите со генеративна вештачка интелигенција кај iOS 18 ќе функционираат во главно од самиот уред
Следна статијаГерманскиот еколошки пребарувач Ecosia претстави сопствен интернет прелистувач
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.