Model Y треба да биде второто SUV возило од компанијата по претставувањето на Model X.

За разлика од првото вакво возило од Tesla, Model Y треба да биде помал, односно повеќе во категоријата на Model 3 којшто има верзија која се продава за „ниски“ 35.000 долари.

Според компанијата, Model Y ќе дели 75% од деловите со кои е направен Model 3, а ќе биде само 10% поголем од него.

Овие два модели имаат за цел да ги направат многу подостапни автомобилите од компанијата, а посебно во време кога голем дел од останатите познати производители почнуваат да претставуваат свои електирчни автомобили, а тука се и новите конкуренти.

Елон Маск го најави претставувањето на Model Y за 14-ти март, а истото го направи како и секогаш, преку неговиот Twitter профил.

Може да се каже дека Tesla овој период почнува со средување на малиот пад на „сериозноста“ по проблемите кои ги предизвика Маск, како и доцнењето со производството на нарачаните модели.

Tesla исто така минатата недела најави дека ќе ги затвори повеќето свои продажни салони и ќе продолжи со продажба на автомобилите само онлајн.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаIkea развива завеси кои го прочистуваат воздухот во домот
Следна статија„Вози внимателно и јави се кога ќе стигнеш!“ – Нова кампања на РСБСП за улогата на жената во безбедноста во сообраќајот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.