Фото: Shutterstock.com

Работата на сопствен електричен автомобил од страна на Apple се’ уште е во рамките на шпекулации, но тие редовно излегуваат да не информираат до каде е со работата.

По едното неофицијално одложување за 2026 година, а и намалување на очекувањата за целосна автономија, сега повторно има информации дека претставувањето е одложено.

Според Марк Гурман, наместо во 2026, Apple автомобилот може да се очекува во 2028 година, а ја потврдува и одлуката да се намали нивото на автономија.

Apple автомобилот наместо ниво 4, што претставува целосна автономија, е намалено на ниво 2+, што го става во рамките на останатите автомобили, како што е Tesla.

Тоа значи дека автомобилот ќе има волан, а возачот ќе мора да внимава и да е подготвен да ја преземе контролата. Автономното возење ќе биде во главно наменето за пошироките патишта како автопатиштата.

Сепак, без разлика на оваа информација, тоа што може да се очекува од автомобилот е дека ќе биде електричен и дека ќе биде полн со технологија и одредени додатоци карактеристични за Apple.

Дел од гласините па укажуваат на разочараност на некои од вработените за развојот на автомобилот кој според нив нема да понуди ништо посебно на пазарот.

ИЗВОР9to5Mac
Претходна статијаMicrosoft продолжува да ја подобрува корисноста на Snipping Tool
Следна статијаMicrosoft претстави платформа за виртуелни состаноци преку Teams
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.