Сликата е генерирана од вештачка интелигенција / Copilot Designer

Автомобилот од Apple кој со години чекаме барем официјално да биде потврден од компанијата, сепак е откажан и веќе нема да биде развиван.

Информацијата, како и сите досегашни информации поврзани со автомобилот, не е официјална, но доаѓа од сигурниот извор на се што е поврзано со Apple, Марк Гурман од Bloomberg.

Тој се повикува на извори внатре во компанијата кои како и секогаш би сакале да останат анонимни, со оглед на тоа што одлуката не е јавно објавена. Истата им била соопштена на вработените, кои биле изненадени, од страна на главниот оперативен директор Џеф Вилијамс и Кевин Линч, кој се смета како главен на проектот.

На развојот на целосно електричниот автомобил од Apple наводно работеле 2000 луѓе, а според информациите дел од нив сега ќе бидат префрлени во секторот на Џон Џианандреа кој работи на засега доста поважниот проект за вештачка интелигенција.

На дел од вработените ќе им биде понудена можноста да се префрлат и во други сектори, но сепак според информациите, дел ќе бидат отпуштени.

Се верува дека Apple работи на развој на сопствен целосно електричен и автономен автомобил изминатите десет години, односно од 2014 година.

Последната информација која ја прочитавме на оваа тема беше дека претставувањето се одложува за две години, па дека може да се очекува во 2028 година. Исто така, намалени беа очекувањата за автономноста на автомобилот, па од целосно автономен, најавено беше дека Apple автомобилот ќе биде на ниво на конкурентите.

Причината поради која е откажан баш сега проектот наводно е поради притисокот кој го имал Тим Кук од страна на акционерите на Apple да донесе дефинитивна одлука во кој правец ќе се оди со развојот. Работата изгледа била доволно во некоја средина, па одлуката сепак отишла во правец на откажување.

Добар коментар на веста даде познатиот Маркез Браунли, кој истакнува дека Apple не мора да развие сопствен автомобил за да бидат присутни кај овие производи. Производителите доволно лош софтвер секогаш вградуваат кај автомобилите, па Apple може да го насочи вниманието кон развојот на CarPlay.

ИЗВОР9to5Mac
Претходна статијаSamsung Knox доби Сертификат за општи критериуми за високи безбедносни стандарди за телевизорите од 2024 година
Следна статијаGoogle излезе со објаснување за „woke односот“ на Gemini
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.