Во рамките на CES 2024, Honda претстави нова серија на автомобили кои ќе бидат целосно електрични, а донесуваат и целосно преработен систем, како и дизајн.

Серијата е наречена Honda 0 Series, односно Honda Zero, а со најавата беа претставени и две возила кои сега се само концепт, но во 2026 треба да има автомобили направени на основа на овој концепт.

Двата концепт автомобили кои се претставени се Saloon, како седан возило и Space-Hub кое оди повеќе во правец на мини комбе.

Дизајнот на двете возила е целосно нестандарден и типично за Honda има комбинација на футуристички стил и постар, ретро стил. Покрај дизајнот, од компанијата овие возила ќе ги направат на целосно нов систем за возење, а специјално ја најавуваат малата висина која ќе овозможи добра аеродинамика и повеќе спортско возење.

Првиот автомобил ќе биде претставен во САД во 2026, на основа на Saloon концептот, а потоа ќе следат и претставувања во остатокот од светот.

„Мобилноста за која сонуваме не е продолжување на трендот на „дебели, тешки, но паметни“ електрични возила“, рече Тошихиро Мибе, глобален извршен директор на Honda. „Ќе создадеме сосема нова вредност од нула заснована на тенка, лесна и мудра како основа за нашата нова Honda 0 EV серија за дополнително да ја унапредиме радоста и слободата на мобилноста на следното ниво“.

Кај Space-Hub концептот може да се види планираната намена на возилото. Седењето во истото е на две клупи кои се свртени една кон друга, па може да се претпостави дека Space-Hub би било наменето за превоз на патници.

Двете возила доаѓаат и со целосно нова технологија на управување, која ќе им можност и за целосна автономија, но за сите детали околу технологиите и спецификациите ќе мора да почекаме уште малку.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Honda
Претходна статијаВештачката интелигенција Microsoft ќе ја донесе и кај нивната Notepad апликација
Следна статијаGalaxy S24 повторно доаѓа со посебна верзија на Snapdragon чипот, а оваа година се враќа и Exynos за европските корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.