Одамна се говори за електричен автомобил направен, поточно дизајниран од страна на Apple. Еден ваков автомобил јасно е зошто би бил популарен, а мали се шансите дека нема да биде еден од најдобрите на пазарот.

Сепак, годините си поминуваат, а покрај по некоја редовна шпекулација, нема ништо повеќе, посебно не од Apple.

Главните очекувања врз основа на неофицијалните информации беа дека Apple ќе направи електричен и целосно автономен автомобил. Овој автомобил дури не било планирано да им дел за возач, односно волан, педали и слично.

Според најновите информации од Марк Гурман од Bloomberg, кој се смета за еден од најдобрите на оваа тема, Apple ги има променето плановите.

Новите планови подразбираат развој на електричен автомобил кој ќе има доста помали можности за автономно возење, односно тие би биле повеќе достапни за на автопат и слично, како што веќе е стандардно кај доста модели.

Со тоа може да се каже дека Apple на пазарот би настапиле како директен конкурент на Tesla, а со тоа се променети и плановите за цената на автомобилот.

Од првичните планови автомобилот да чини повеќе од 120.000 долари, сега наводно целта е да се продава по цена пониска од 100.000 долари. Тоа повторно е висока цена и би го ставило автомобилот во конкуренција со Model S од Tesla со повеќето можни додатоци.

Производството на Apple автомобилот секако би било во соработка со некој од производителите на автомобили, од компанијата не планираат да отворат фабрика за таа намена.

Засега нема информации кои би можел да биде партнер на Apple, а наводно преговори порано имало само со Volkswagen.

Според Марк Гурман, дизајнот на автомобилот треба да се финализира идната година, додека функциите до 2024. Тестирањето е планирано за 2025, по што автомобилот би бил претставен во 2026. Ќе видиме дали ова навистина ќе се оствари.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаGoogle додаде можност за пребарување на отворените „табови“, омилените страни и историјата на сурфање директно преку лентата за адреси во Chrome
Следна статијаПивара Скопје ја претстави платформата за општествена одговорност на СКОПСКО за чистење и заштита на националните обележја
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.