Можеби не толку легендарен како Renault 4, сепак и Renault 5 беше еден од повеќе познатите автомобили пред 50 години, а остана на пазарот до средината на деведесеттите.

Во 2021 Renault најави дека планира да го врати овој автомобил на пазарот, но во модерна и целосно електрична форма.

Сега автомобилот има и официјално име, а се очекува да биде официјално претставен идниот месец, па да започне со продажба до летото.

Renault 5 E-Tech е новото име и купувачите ќе ги чини околу 25.000 евра, што може да се каже дека е доста добра цена кога ќе се земе во предвид дека се работи за електричен автомобил, но и цените изминатите година две.

Моторот на автомобилот е со 100kW или 135 коњски сили, а може да помине 400 километри со едно полнење. Ова може да се каже дека е одлична километража, а посебно ако се земат во предвид големината на автомобилот и неговата цена.

Изгледот на R5, како што се нарекува скратено, е доста сличен со стариот модел, но секако е модернизиран и има одредено делови кои се специјално во нов стил.

ИЗВОРNew Atlas
Претходна статијаApple првпат не претстави нов iPad модел минатата година, но затоа оваа се очекува да надомести доста сериозно
Следна статијаТастатурите за Windows добиваат ново копче за активирање на Copilot
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.