Фото: Microsoft

Можноста за корисниците да креираат „аватари“ од себе во Teams, Microsoft ја однесе на наредно ниво со претставуањето на Mesh.

Microsoft Mesh е платформа која функционира во Teams и на корисниците им овозможува целосна виртуелна околина за одржување на состаноци, а и други видови на конференции, каде што „аватарите“ изгледаат како навистина да се на некоја локација.

Ова не е замена за состанувањето во живо, секако, но во време кога се задржа се’ почестото состанување преку интернет, Microsoft Mesh се обидува тоа да го направи што пореално и интересно.

Виртуелната околина може да се вклучи преку Microsoft Teams, за време на веќе започнат разговор со притискање на „Immersive space (3D)“.

Платформата поддржува и измена на постојните виртуелни околини за потребите на компаниите, односно тие можат да додаваат логоа, видеа, презентации и слично. Сето тоа функционира преку Unity платформата, а не е потребно кодирање за истото. Покрај за PC, Microsoft Mesh може да функционира и преку Quest VR уредите од Meta.

Пред пуштањето на Microsoft Mesh за сите корисниците оваа недела, неколку компании имаа пристап и почнаа да ја користат платформата, а Microsoft има и цел текст за нивните искуства кој можете да го прочитате тука.  

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаApple го одложува претставувањето на нивниот се’ уште неофицијален електричен автомобил за две години
Следна статијаApple ги засилува плановите за претставување на генеративна вештачка интелигенција кај нивните производи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.