Ikea својата статија ја започнува со објаснување колку голем проблем е загадувањето на воздухот во светот. Ние нема потреба да го нагласиме тоа, затоа што како што знаете нашата земја, а посебно Скопје, се најчесто на врвот од листата на најмногу загадени места во светот.

Продажбата на прочистувачи на воздухот е во пораст, а немаме точна информација колку.

Сепак Ikea имаат нешто поразличен пристап кон овој проблем. Тие работат на развој и во овој момент се во фаза на тестирање на завеси коишто можат да го прочистат воздухот од одредени загадувачи.

Тие објаснуваат дека овие завеси работат слично на фотосинтезата во природата, односно прочистувањето на воздухот се случува кога завесата добива светлина.

Она што се истакнува е дека слични производи биле веќе претставени, но ова е прв којшто може да функционира и со вештачка светлина, не само од сончевата.

Gunrid завесата е обложена со фотокатализатор направен на база на минерали. Кога е во допир со воздухот од него ги разградува некои од стандадните загадувачи.

Не сме сигурни дали оваа завеса може да се справи со кај нас познатите PM честички, но секако тие не се единствениот загадувач за којшто треба да се грижиме.

Доколку сите тестирања поминат како што треба, Ikea Gunrid може да се очекува во продавниците од идната година. Можеби се’ уште нема Ikea, а и нема најави за отворање, кај нас, сепак повеќето земји од нашата околина имаат, па не би бил голем проблем да се купи нешто од овој бренд.

ИЗВОРIkea
ИЗВОР 2Fast Company
Претходна статијаТоп 5 стрипови да ги следите во 2019
Следна статијаЕлон Маск го најави претставувањето на Model Y за 14-ти март
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.