Од време на време објавуваме разни препораки и рецензии на стрипови. Стриповите ни се еден вид на relaxation-hobby.

2019 по се изгледа ќе биде година на квалитетни стрипови, особено СФ, хорор и слични жанрови.

Ова се пет одлични стрипови кои вреди да се следат и читаат во 2019.

1 – Fight Club 3


Сите го знаеме Fight Club како филмска реализација на истоимената книга на Чак Паланук. Она што малкумина знаат е дека Паланук продолжи да ја развива приказната во стрип формат.

На 30 јан.2019 беше објавен првиот број од третиот дел од Fight Club, од страна на Dark Horse. Покрај Паланук, во изработка на Fight Club 3 се вклучени и Камерон Стјуарт (artist), Меккеј (colorist) и Дејвид Мек (cover artist).

Ова не се пропушта! Култната приказна продолжува.

2 – Black Hammer

Black Hammer е добитник на престижната Eisner награда во 2017 за најдобар нов серијал и е еден од двата стрипа (со Gideon Falls) на Џеф Лемир кој наскоро ќе добие своја ТВ серија. Преубава приказна за суперхерои кои имаат криза на идентитетот (што би правел суперхерој во свет во кој не се потребни неговите суперхеројства?) која се доразвива постојано со нови спин-офи.

Black Hammer се издадава повторно од Dark Horse, и покрај Лемир вклучени се и Дин Ормстон и Дејв Стујарт. Трио креативо.

3 – Gideon Falls

Gideon Falls е језива хорор приказна на пеколното дуо во светот на стриповите, Џеф Лемир и Андреа Сорентино. Поради популарноста на стрипот се планира и ТВ серијал.

Стрипот е ремек дело. Атмосферата која вибрира од секоја страна е феноменално доловена. Иако првиот број е објавен во 2018, со нетрпение очекувам Image да продолжи со објавување на деловите од вториот volume.

4 – Farmhand

Farmhand e СФ weird дело на Роб Гилори (автор на претходниот култен стрип, Chew). Комбинација на хорор и СФ, Farmhand е приказна за чудно малку-дисфункционално семејство во кое „главата“ (дедото Џедаја Јенкинс) е фармер кој еден ден мистериозно се стекнува со знаење како да креира семе од кое растат човечки органи. Со ова, фирмата на дедо Јенкинс станува примамлива мета за корпоративна шпионажа и слични интриги.

Farmhand е колоритен хорор-СФ. Pure fun!

5 – Bone Parish

Предлог број 5 е Bone Parish од Кулен Бун и Јонас Шарв (artist), под издаваштво на Boom!. Језива некроманска хорор приказна со елементи на Breaking Bad.

Што може да посакаме повеќе? :)

Претходна статијаНеколку постари Galaxy модели ќе ја добијат можноста за прилагодување на Bixby копчето достапна кај новите Galaxy S10
Следна статијаIkea развива завеси кои го прочистуваат воздухот во домот
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.