12622263_814642498642472_1954485135383456355_o

Tor мрежата веќе вторпат добива поддршка од најголемата социјална мрежа во светот. По овозможувањето на посебен и сигурен пристап за Tor корисниците преку https://facebookcorewwwi.onion, Facebook сега ја проширува поддршката преку вградување на можноста директно во нивната Android апликација.

Во периодот што следи, Facebook апликацијата за Android ќе добие можност за вклучување на пристап преку Tor мрежата. Корисниците ќе можат да го вклучат пристапот преку прилагодувањата на апликацијата, а за поврзување на Tor ќе треба да ја користат Orbot апликацијата која овозможува поврзување на оваа мрежа на Android оперативниот систем.

942795_814635601976495_5052505254526342730_n

Можноста за поврзување на Facebook преку сигурна конекција за Tor корисниците е од голема важност. Тоа на нив им овозможува конекција којашто не може да биде следена и пресретната, а најчесто тоа се прави од властите.

За одредени корисници, пристапот преку Tor е единствениот начин за пристап до Facebook поради блокирањето на пристапот од страна на властите. Се разбира тука се и VPN сервисите, меѓутоа многу корисници Tor го сметаат за многу посигурен и приватен пристап.

Поддршката на Facebook апликацијата е развиена за време на летните пракси во компанијата, па потоа е доразвиена од страна на Protect and Care тимот на Facebook во Лондон.

Сега за сега ваквата поддршка не е планирана за iOS верзијата, а Windows 10 не се ни спомнува.

Извор: Facebook, TNW, The Verge

Претходна статијаИнтел ја трансформира работната околина со најновата шеста генерација Intel® Core™ vPro™ процесори
Следна статијаGoogle Chrome ќе почне да користи нов алгоритам за компресија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.