chrome-logo

Google Chrome е моментално најпопуларниот интернет прелистувач кај десктоп корисниците, а за тоа има и причина. Google активно работи на негово унапредување, а овој пат на ред е алгоритамот за компресија на веб страните.

Во периодот што следи, Chrome ќе почне да го користи новиот алгоритам наречен Brotli, којшто ќе се користи наместо моментално исто така чудно наречениот Zopfli.

Според Google, Brotli успева да ги копресира веб страните, односно нивните делови составени од HTML, CSS и JavaScript, за 17 до 25% поефикасно од претходниот алгоритам. Со ова се добива намалување на големината на страните, а најмногу корист од ова ќе видат корисниците на мобилните уреди чии што месечен лимит ќе биде помалку потрошен.

Brotli исто така треба да е подобар во брзината на декомпресија на страните, што директно придонесува во брзината на нивното отворање.

Chrome веќе победува на многу од тестовите за брзина, а се повеќе корисници се решаваат да го користат како нивни главен прелистувач. Новиот алгоритам за компресија сигурно ќе придонесе за задржување на оваа позиција од страна на Google.

Инаку, Brotli ја прави копресијата во целосно нов формат, притоа останувајќи компатибилен со постарите верзии.

Алгоритамот ќе биде со отворен код, а со тоа достапен за програмерите да го користат во нивните прелистувачи. Ова е еден начин на којшто од Google сакаат да го направат интернетот попристапно и пријатно место за корисниците.

Извор: Google, The Verge, Gizmodo

Претходна статијаFacebook за Android добива поддршка за пристап преку Tor мрежата
Следна статијаSony има нов мини проектор, кој проектира слика од многу мали далечини
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.