Sony-projector

Проекторите се одлични за гледање филмови, но се многу незгодни за поставување во помали соби, доколку сакате да добиете голема слика на ѕидот. Јапонскиот гигант Sony има решение – мал, пренослив проектор, кој може да прикаже голема проекција од многу помали далечини, што го прави идеално за сите места во домот.

Проекторот наречен “Portable Ultra Short Throw Projector”, може да проектира слика од многу мали близини со големини од 22 до 80 инчи и прилично слаба резолуција од 1366х768 пиксели. Светлината изнесува 100 лумени, што е дополнителен податок кој укажува на фактот дека овој проектор нема да може да замени еден со вистинска големина.

Сепак, проекторот на Sony е повеќе како „помошен“ уред за оние места каде не можете да ставите ништо друго, а воедно и изгледа многу добро и има мали и преносливи димензии. За него е достапен и посебен држач, кој дополнително ги зголемува можностите и прави да изгледа како дел од мебелот.

img_013.0

Малиот проектор има вградена батерија која може да издржи 2 часа со едно полнење, што значи дека можете да изгледате некоја серија и надвор, се додека имате на што да проектирате. Вградениот звучник е со Sony xLOUD технологија, што би требало да е доволно за уживање во пократки видеа, а може да се користи и како Bluetooth звучник.

Цената на малиот проектор на Sony изнесува 798 долари во Јапонија, каде прво ќе почне да се продава. Сепак, ова не е единствениот ваков продукт – Јапонците претставија и Bluetooth звучник кој има вградена светилка и може да се користи и како едното и како другото. “Glass Sound Speaker” чини високи 634 долари и испушта подеднакво квалитетен звук во сите правци, односно во круг од 360 степени.

vs01-05_1918cxs-1.0.0

Извор: The Verge, Trusted Reviews, Ubergizmo

Претходна статијаGoogle Chrome ќе почне да користи нов алгоритам за компресија
Следна статијаLG G5 ќе има радикално нов дизајн?