intel-logo

Нова безбедност со идентитет, модернизирана соработка, моќни промени кај уредите што го менуваат начинот на кој луѓето работат

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИТЕ

  • Нови Intel® Core™ vPro™ процесори од шестата генерација се најдобрите процесори за бизнис на компанијата, дизајнирани за целосна бизнис продуктивност со до 2.5 зголемени перформанси, 3 пати зголемено траење на батеријата и 30 пати подобрени графички перформанси во споредба со 5 годишен систем1,2,3,4.
  • Шеста генерација Intel Core vPro процесори вклучуваат Intel® Authenticate Solution, хардверски подобрено мултифакторно решение за автентикација што ја засилува безбедноста на идентитетот.
  • Широк спектар на наградувани, стилски дизајнирани за бизнис, вклучувајќи 2-во-1 уреди со процесори од шестата генерација на Intel Core vPro процесори се сега достапни.
  • Интел ја забрзува трансформацијата на работното место но новите опции за Intel® Unite™ апликацијата, нејзината напредна алатка за конференциски сали, со интегрирање на Skype за бизниси* и испорачување на подобрени аудио и видео способности за извлекување на максимумот од секој состанок.

САНТА КЛАРА, Калифорнија, 19-ти јануари, 2016 . Интел корпорацијата денес ја објави достапноста на својата шеста генерација Intel® Core™ vPro™ фамилија на процесори за модерната работна сила. Најновите Intel Core vPro процесори се обраќаат на потребите за сигурност и продуктивност на големите бизниси со иновации во безбедноста, подобрени перформанси и соработки за 2-во-1 уреди, Ultrabooks™, се-во-едно уреди и најнови десктопи.

„Со неверојатни, нови, впечатливи дизајни, подобрени перформанси и подолго траење на батеријата, шестата генерација Intel Core vPro процесори поставува нови стандарди за бизнис компјутери,“ рече Том Гарисон, потпретседател и генерален менаџер на Business Client дивизијата на Интел. „Со подобрувањето на безбедноста во хардверот, Интел помогна да се направат овие најнови компјутери интегрален дел на општата безбедност на бизнисите, со што корисниците се посигурни и повеќе продуктивни од било кога досега.

Заклучување на виртуелната предна врата на компјутерот со повеќе од заштита со лозинка

Хакерите наоѓаат нови начини да се пробиваат во старите компјутери низ виртуелни влезни врати, крадење на информации за корисникот за да добијат привилегии внатре во организациите. Денес, повеќе од половина од упадите кај податоците започнуваат со крадење на ингеренциите на корисниците. Постарите компјутери кои користат лозинки со осум карактери кои се менуваат на секои 90 дена работела и пред една деценија, но софистицираните методи на напад бараат подлабоко ниво на безбедност.

За решавање на ова, Интел даде преглед на нова иновација кај безбедноста наречена Intel® Authenticate за бизнисите да почнат внатрешни тестирања и квалификации. Intel Authenticate е хардверски подобрена, мултифакторно решение што ја зајакнува заштитата на идентитетот на компјутерот, правејќи го помалку подложен на напади на идентитетот и информациите.

Intel Authenticate верификува идентитети со користење на комбинација на три отежнати фактори во исто време: „нешто што знаеш,” како личен број за идентификација; „нешто што имаш,” вклучувајќи мобилен телефон; и „нешто што си,” како отпечаток од прст. IT може да одлучи од повеќе отежнати фактори за автентикација што се базирани на компаниски политики и повеќе не мораат да се базираат на тоа вработените да паметат комплицирани лозинки2. Intel Authenticate е компатибилен со Microsoft Windows* 7, 8 и 10, и е достапен за преглед на корисниците.

Надоградбата на бизнис компјутерите додава продуктивност и намалува трошоци

Постари лаптопи можат да ги чинат бизнисите 4,203 долари годишно, за секои три компјутери за одржување и изгубена6. Новите бизнис компјутери можат да се обратат на оваа потреба со испорачување на до 2.5 пати повеќе перформанси и 30 пати зголемени графички перформанси во споредба со 5 годишен уред7, овозможувајќи им на корисниците со многу повеќе продуктивност и моќни бизнис алатки1, 8, 9, 10.

Acer*, Asus*, Dell*, Fujitsu*, HP*, Lenovo*, Panasonic* и Toshiba* лансираат производи спремни за пазарот со новите Интел процесори. Купувачите претпријатија можат да одберат од различните дизајни вклучувајќи ги 2-во-1, Ultrabooks, ултра-тенки куќишта, мини компјутери и се-во-едно десктопи прилагодени за секаква работна средина за да се задоволат потребите на бизнисите од сите големини.

Нов и подобар начин за правење состаноци

Начинот на кој бизнисите соработуваат во светот се менува, сепак алатките за сала за состаноци не можат да држат чекор со повеќе дисперзирана работна сила. Интел претставува новости за Intel® Unite™ за попаметен и поповрзан начин за среќавање на работното место. Тоа вклучува способности кои на учесниците им овозможуваат да користат дисплеј без адаптери или кабли. Двете лице можат посигурно и полесно да ги видат или да бидат во интеракција со содржини во реално време. Вработените можат веднаш да започнуваат состаноци користејќи нови или постоечки дисплеи и проектори. Автоматското исклучување и интеграцијата со Skype за бизнис им нуди на корисниците поедноставени искуства кај состаноците.

Помагање на растот на мали и средни претпријатија

За мали бизниси, Интел нуди Intel® Small Business Advantage (Intel SBA), решение кое е лесно за користење и може да им помогне на сопствениците на мали бизниси да ја зголемат и заштитат нивната компанија. Таа им нуди на сопственици на мали претпријатија лесен и централизиран начин за поврзување и споделување на информации во комбинација со автоматси ажурирања на безбедноста и одржувањето. Intel SBA вклучува опции за соработка, како разговор и споделување на датотеки, заедно со безбедносни способности, како УСБ блокатор, за да помогне на малите бизниси во контрола на нивните податоци.

За вести од Intel blog овде.

Прочитајте повеќе за Intel Workplace Transformation

За повеќе информации за достапноста на бизнис продуктите, посетете Right Devices.

Претходна статијаЛиста на најкористени лозинки за 2015 – На корисниците не им доаѓа паметот
Следна статијаFacebook за Android добива поддршка за пристап преку Tor мрежата