HP-ZBook-Studio-G3-Mobile-Workstation-21-640x430[1]

За сите оние кои сакаат нов лаптоп, а сакаат и сериозни перформанси, изборот на пазарот не е преголем. HP со новиот ZBook Studio ќе се обиде да пополни дел од таа дупка – се работи за исклучително моќен модел со 15,6 инчен екран, кој ќе може без проблем да обработи буквално се што ќе пуштите на него.

Купувачите ќе може да изберат меѓу Intel Core i7 и Intel Xeon процесор, кој е вистинска реткост кај лаптопите, а исто така има можност и за NVIDIA Quadro M1000M графичка карта со 2 GB рам, која е специјално развиена за користење во апликации за преработка на видео и 3D анимации. Исто така, достапна ќе биде верзија и со 32 GB рам меморија, како и со максимум 2 TB простор за складирање податоци, со комбинации на HDD и SSD зависно од желбата на купувачот.

ZBook%20studs-970-80[1]

Екранот има 15,6 инчи во дијагонала, што е веќе стандард кај професионалните лаптопи, но ќе бидат достапни два различни панели – со Full HD и UHD, односно 4K резолуција. И покрај сериозните перформанси и реално поголемиот екран од денешниот стандард во „ултрабук“ класата, тежината на ZBook Studio изнесува само 1,9 килограми, што е навистина извонредно постигнување.

Секој професионален модел со себе носи и повисока цена, па така и ZBook Studio ќе чини 1699 долари за почетниот модел, а доколку почнете да ставате помоќни делови, цената може да порасне и двојно над почетната.

Извор: Ubergizmo, TechRadar