lorEOMs

Според ново истражување објавено во журналот „Астробиологија“, Земјата во минатото веројатно оддавала портокалова светлина во вселената. Познатата изјава на Карл Саган „бледата сина точка“ тогаш би била „бледата портокалова точка“.

Во овој случај ова нема никаква аналогија со случувањата на Марс и неговата доминантна боја. Имено, се работи за анализа каква боја оддавал метанот кој може да бил испуштан жив свет или од геолошки извор. По ослободување од физиолошките процеси, метанот лебдел нагоре и се задржувал во атмосферата. Под влијание на сончевите зраци тој се распаѓал на сложени органски соединенија кој (би требало да) даваат портокалова боја.

По одредено време во атмосферата почнал да се акумулира поголемо количество на кислород кој пак го уништува метанот. Поради ова, портокаловата била постепено заменета со денешната сина не оставајќи скоро никаква концентрација на метан во атмосферата.

Интересното е што оваа студија била направена со цел да се направи преглед за тоа како други планети слични на Земјата би изгледале кога би имале жив свет. Ако имаат свет сличен на нашиот базиран на јаглеродни, кислородни и водородни соединенија, во таа конкретна фаза веројатно би ослободувале огромно количество на метан кој би ја бојадисал атмосферата на планетите во портокалова боја.

Ова може да се искористи како фина алатка за откривање на такви далечни планети. Сепак, треба да се внимава и да се измерат концентрациите на јаглероден диоксид на тие планети за да се заклучи дали метанот е таму поради геолошки процеси (мала концентрација на јаглероден диоксид) или поради живиот свет (голема концентрација на јаглероден диоксид). Како точно ќе се измери ова не е специфицирано, но веројатно преку спектрални мерења.

Извор: IFLScience

Претходна статијаHP ZBook Studio е ултра моќен лаптоп со Xeon процесор
Следна статијаHuawei создаде батерии кои експресно се полнат