tesla-model-e-front

Elon Musk во интервју за британскиот портал за автомобилизам Auto Express, го најави наредниот модел од компанијата кој што треба да почне да се продава од 2017 година и кој што ќе биде наречен Tesla Model 3. Овој модел треба да се продава за 35.000 долари, како и да биде директна конкуренција на BMW 3 Series.

Tesla Model 3 ќе користи нов поевтин систем на батерии кои што ќе се произведуваат во најавената Гига фабрика (Gigafactory) која што ќе биде лоцирана во САД. Се најавува дека овој модел ќе може да помине околу 320 километри со едно полнење на батериите, со комбиниран стил на возење.

Во интервјуто Elon Musk објаснува како тие сакале името на овој модел да биде Model E, со што тоа добро би се вклопило во комбинација на досегашните модели S и X. Меѓутоа тоа име го имале заштитено од Ford, од каде што се имаат закането со тужба доколку се решат да го користат тоа име.

„Го имавме Model S за седан моделот и X за SUV моделот, па потоа пријател не праша како ќе го наречеме третиот автомобил. Јас реков дека ги имаме моделите S и X, па би можеле да го имаме и E. Ќе го нарекувавме моделот E одреден период, но тогаш од Ford не тужеа затоа што тие сакаат да го користат Model E името. Јас мислев дека тоа е лудо, Ford се обидува да го уништи SEX. Моравме да смислиме друго име.“ – Elon Musk за Auto Express

Извор: Auto Express, Mashable

Слика: Auto Express

Претходна статијаGoogle Chrome најбрзо ја троши вашата батерија
Следна статијаBlackBerry претстави своја верзија од Siri, Google Now и Cortana
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.