chrome-logo

Доколку сте корисник на лаптоп компјутер и често работите на него кога не сте поврзани на извор на електрична енергија, тогаш Google Chrome прелистувачот не треба да биде вашиот избор, пишува Ian Morris од Forbes во неговата статија.

Причината поради која што Chrome прелистувачот троши најмногу енергија во споредба со Firefox, па дури и Internet Explorer е интервалот кој што го користи за „будење“ на системот кој што проверува промени, наречен system clock tick rate. Стандардното време на Windows оперативниот систем за проверка на процесите е 15,625 милисекунди, освен во ситуации кога некој процес не бара зголемување на оваа бројка. Ова е стапката на будење на процесорот која што ја користат Firefox и Internet Explorer, што значи дека процесорот ќе биде вклучен 64 пати во една секунда. За разлика од нив, Google Chrome работи на стапка од 1 милисекунда, што значи дека процесорот ќе биде вклучен 1000 пати во една секунда. Проблемот кај Chrome е што цело време од неговото вклучување работи на 1 милисекнуда, нешто што другите прелистувачи го прават само кога тоа е потребно, како при гледање на видеа, но тие потоа се враќаат на стандардното време од 15,625 милисекунди.

Поради овој начин на работа на Google Chrome тој може да троши до 25% повеќе енергија од другите два прелистувачи, што кога го користите вашиот компјутер на батерија, може да направи голема разлика. Овој проблем се јавува само кај Chrome прелистувачот на Windows оперативниот систем. Ситуацијата е пријавена како баг кај Google, меѓутоа не се знае точно дали и кога ќе биде најдено решение.

Кој од достапните прелистувачи го користите ? Дали имате забележано разлика во траењето на вашата батерија кога го користите Chrome прелистувачот во споредба со другите ?

Извор: Forbes

Претходна статијаДодадете втор E Ink екран на вашиот Android телефон
Следна статијаTesla Model 3: Официјално потврден наредниот модел од Tesla Motors
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.