3d-nand-die-with-m2-ssd-100576133-primary.idge-100610393-large.idge-100643711-large

SSD дисковите, односно NAND чиповите од кои тие се состојат, веќе ги надминаа HDD дисковите и нивните метални плочи во густина на податоците, што значи дека имаат потенцијал за дискови со многу поголеми капацитети на иста површина.

Овие дискови имаат и други предности, како на пример многу поголема брзина на вчитување и впишување на податоците во однос на HDD (хард диск) дисковите, но и многу поголема цена. Оваа вест за тоа дека SSD-ата можат да имаат поголема густина на податоци, сепак не значи дека нивната цена ќе се симне на нивото на HDD дисковите за уред со ист капацитет.

ASTC-and-Flash-Roadmap-1200x811

Годинава, Micron – познат производител на NAND чипови, објави дека во своите лаборатории има изработено чип со густина од 2,77 Tbits по квадратен инч, со што се покажува дека густината на SSD дисковите може експоненцијално да расте, за разлика од HDD дисковите, кои веројатно веќе го достигнуваат својот максимум.

На пример, во моментов, 3D NAND комерцијалните дискови на Samsung веќе имаат достигнато 1,19 Tbits (терабита) по квадратен инч и во текот на годинава ќе достигнат 1,69 Tbits по квадратен инч, за разлика од хард дисковите, кои во моментов имаат максимум 1,3 Tbits по квадратен инч.

HDD-AD-Roadmap-1200x660

Со ваквиот развој на настаните, SSD дисковите ги надминаа своите бавни претходници и во капацитетот, што значи дека во блиска иднина може да очекуваме дека дисковите со најголеми капацитети, како на пример 8 TB ќе бидат SSD, а не HDD дискови. Всушност, Samsung спрема SSD диск со капацитет од дури 15 TB за складирање на податоци! Ова е одлична вест за големите сервери, кои сега ќе можат да нудат многу побрзо решение за пристап кон податоците.

Секако, не очекувајте овие SSD-а да бидат евтини – на пример јапонскиот производител Fixstars има SSD со капацитет од 13 TB кое чини 13.000 долари, за разлика од HDD диск со ист капацитет, кој чини околу 200 долари. Во превод, за оние на кои им треба повеќе простор за складирање, хард дискот и натаму е подобриот избор.

Извор: PCWorld, TechEye, Forbes

Претходна статијаInstagram воведе можност за промена помеѓу повеќе најавени сметки
Следна статијаAdobe Animate официјално достапен на местото на Flash Professional