tumblr_o28s6lK4bj1r1thfzo1_1280

Со најновата верзија за Android и iOS, поточно верзијата 7.15, Instagram добива можност за најавување со повеќе сметки и лесна промена помеѓу нив. Бројот на сметки коишто може да бидат најавени во исто време е ограничен на 5, а корисниците можат да добиваат нотификации без разлика која сметка во моментот се користи.

За лесно распознавање која сметка се користи во моментот, профилната слика ќе биде истакната низ повеќе делови од апликацијата. Корисниците со едноставно притискање на корисничкото име на профилот можат да ја сменат сметката којашто во моментот се користи.

Оваа можност најмногу ќе се погоди како корисна за корисниците коишто имаат и деловни сметки. Тие обично имаат и своја приватна Instagram сметка, па досега беше потребно да се најавуваат на сметката којашто сакаат да ја користат во моментот.

Фактот што од Instagram ја воведуваат оваа можност покажува дека бројот на корисници коишто имаат повеќе сметки не е мал, а тоа го покажува и зголемениот број на брендови коишто се присутни на оваа социјална мрежа за слики.

Инаку, за потсетување, Instagram е во сопственост на Facebook кои ја купија оваа компанија во 2012 година за 1 милијарда долари исплатени во кеш и акции.

Извор: Instagram

Претходна статијаНов чип донесува „Вештачка Интелигенција“ и во нашите смартфони?
Следна статијаSSD дисковите ги надминаа HDD дисковите во густина на податоците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.