adobe-animate

Од оваа недела официјално е достапна програмата Adobe Animate CC којашто доаѓа на местото на Flash Professional. Во основа се работи за истата програма, а промената на името доаѓа поради поголемата намена што ја има, а не само за flash анимации.

Промената на името на оваа програма беше најавено при крајот на минатата година, а со тоа дојде и официјалното „признание“ од страна на Adobe дека нивниот Flash се помалку ќе се користи.

Според статистиките кога беше најавена промената, 30% од анимациите коишто се прават преку Flash Professional се HTML5, а оваа бројка само ќе продолжи да расне.

Adobe Animate CC е логично преименување на оваа програма од Adobe, коишто логично не се држат до својот формат, туку ги прифаќаат новите технологии. Со тоа тие ќе се осигураат дека ќе останат релевантни обезбедувачи на софтвер наменет за дизајн, анимации и повеќе.

Инаку Animate во главно доаѓа со истите функции на претходникот, а вклучени се неколку новини коишто се додаваат со секоја нова верзија. Па така, Adobe Animate CC вклучува поддршка за Creative Cloud Libraries, Adobe Stock пребарувач на слики, пристап до фонтови преку Adobe Typekit, нови векторски четки и повеќе.

Извор: VB

Претходна статијаSSD дисковите ги надминаа HDD дисковите во густина на податоците
Следна статијаSpaceX ќе го направи четвртиот обид за вертикално слетување на платформа во океан
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.