DSC-HX90V_Right-1200

Во последно време кружат видеа на интернет каде што Canon и Nikon ги покажуваат способностите на нивните супер зум објективи на поскапите компактни апарати. Популарноста е голема судејќи според квалитетот на сликата на субјекти што можат да бидат и до километар оддалечени, најверојатно од истата причина Sony решава да се приклучи на играта.

Canon SX-60 HS има 65х зум објектив (21mm-1365mm) додека Sony WX500 и HX90V ќе имаат 30х зум објектив (24mm – 720mm). Двата имаат стабилизација на сликата.

Тоа значи дека Sony иако има скоро половина од дострелот на Canon SX-60 HS, самиот апарат на Sony е значително помал и полесен што го прави помал товар за било која употреба. Дополнително, апаратите на Sony, се значително поефтини од тие на Canon и Nikon. Cenata na  HX90V ќе биде околу 430 долари, додека WX500 ќе чини околу 330 долари.

Разликата помеѓу WX500 и HX90V покрај цената која се разликува за 100 долари е тоа што HX90V има електронски окулар, нешто што го имаат професионалните апарати на Sony, додека со WX500 ќе мора да го користите LCD дисплејот за да ја направите композицијата на вашата фотографија или видео.

Двата апарати треба да нудат доволно контрола врз параметрите за ентузијасти во фотографија и видео, а оптичката стабилизаија работи на 5 оски што е исклучиво корисна за видео и секогаш кога го користите зум објективот на подолгиот крај.

Како предност имаат целосна Wi-Fi и NFC поддршка за префрлање на содржините без никакви потешкотии користејќи ги апликациите на Sony.

Извори: Dpreview, Engadget

Претходна статијаНајдете го вашиот Android уред преку Google Search
Следна статијаПрибирање енергија од електромагнетните бранови