Screenshot 2015-04-16 11.30.14

Пронаоѓањето на вашиот Android уред доколку го имате загубено е можно на повеќе начини. Оваа можност покрај самиот оперативен систем преку Android Device Manager, ја нудат и други апликации наменети специјално за ова или генерално за безбедност.

Google оваа недела го претстави можеби наједноставниот начин да го пронајдете вашиот изгубен телефон. Се што треба да направите е да напишете „Find my phone“ во Google Search преку вашиот интернет прелистувач на вашиот компјутер. Во делот за резултати ќе биде прикажана локацијата на вашиот уред на мапа, а доколку се наоѓа блиску до вас истиот ќе почне да ѕвони.

За да може да се користи оваа нова функција, корисниците ќе треба да ја имаат најновата верзија од Google апликацијата на нивниот Android уред, како и да бидат најавени со истата сметка на нивниот прелистувач.

Сепак оваа функција, како и кај другите сервиси, во главно е корисна доколку го загубите вашиот телефон, односно не можете да најдете каде е во моментот. Доколку се работи за кражба, тие што имале вакво несакано искуство знаат дека уредот е веднаш избришан, па шансите за негово наоѓање преку Google сметката се мали.

Извор: Google, VB

Претходна статијаКое е најдоброто време да се направи кафе-пауза?
Следна статијаSony со нови супер зум објективи на компактните апарати
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.