coffee-smil

Кафе – изборот за уживање и починка на милиони луѓе ширум светот. Кафето содржи во себе кофеин, психоактивна супстанца-стимулант на нервниот систем, која предизвикува зголемена будност и концентрација додека е во циркулација во организмот. Многу често по тоа знае да предизвика пад на будноста како и зависност, па не се препорачува претерано консумирање на кафе.

Веќе кога го пиете во текот на денот, можеби сте се прашувале – кое е најдоброто време да се испие шолја кафе? Според истражувањето на Стивен Милер, кафето има најдобар стимулативен ефект ако е испиено кога вашите нивоа на кортизол (стрес хормон) не се високи. Ова е поради тоа што ако го пиете кафето за време на максималните нивоа на кортизол, самиот ефект на кофеинот е доста помал и побрзо се развива толеранција.

Природно програмираниот биолошки часовник го активира максималното излачување на кортизол во периодите од 8-9 часот наутро, 12-13 часот, и 17:30-18:30 часот. Кортизолот е хормон кој има сличен ефект како кофеинот – го стимулира нервниот систем, ве прави будни, сконцентрирани и спремни за активности. Ако ги земеме предвид претходните времиња на максимални нивоа на кортизол, тоа би значело дека кафето треба да го пиете во „дупките“ меѓу овие периоди. Блогерката Рјото Ивата има направено шема во однос на овие наоди за најдобрите времиња за пиење кафе, која можете да ја видите под овој пасус.

besttime4coffee2-i3coffee-jp

Следниот пат кога ќе помислите на пиење шолја кафе, пробајте да ја сместите во некоја од временските „дупки“ за да ја максимизирате нејзината ефикасност и вашето уживање.

Извор: Forbes, NeuroscienceDC

Претходна статијаЕвропската Комисија со обвиненија за Google и Android оперативниот систем
Следна статијаНајдете го вашиот Android уред преку Google Search