harvestingen

Тие што сме внимавале на часовите по физика во основно и средно училиште знаеме дека со помош на феноменот на електромагнетна индукција може да се создаде течение на струја во проводник. Околу нас насекаде „шибаат“ електромагнетни зрачења од кои повеќето замираат во празно, па зошто на никој не му текнало да ги искористи за да создава струја од нив?

Сепак, на некого му текнало. Имено, истражувачите од Универзитетот од Ватерлу од Канада во журналот Applied Physics Letters објавија нов дизајн за прибирање на електромагнетна енергија базиран на т.н. „целосно апсорбирање“. Тој се базира на употреба на мета-материјали кои воопшто не ги одбиваат ниту пренесуваат електромагнетните бранови, и 100% ги апсорбираат. Според Тамер Алмонеев, докторант на универзитетот, „Зголемената побарувачка за електрична енергија е главниот фактор кој го поттикнува нашето истражување. Повеќе од 80% од нашата енергија денес доаѓа од горењето на фосилни горива, што е штетно за нашата околина и во исто време неодржливо. Во оваа група се обидуваме да ја решиме енергетската криза преку поправање на ефикасноста на системите на прибирање електромагнетна енергија“.

Метаповршините се создаваат со ишарување на површината со одредена текстура на периодични форми, кои пак се направени според некоја математичка пресметка која овозможува ефикасно впивање. Потоа приберената енергија се спроведува до некој акумулатор. Досега ваквото прибирање се правеше со класичен сет на антени кои создаваат електрична енергија кога менувачко електромагнентно поле се судруваше со нив. Со ваквите материјали ќе биде апсорбирана целата енергија. Нормално, перпетуум мобиле не постои, но со обложување на разни површини со вакви мета-материјали може да се намали потрошувачката на електрична и секаква друга енергија до огромен процент имајќи предвид дека многу од таа што е веќе потрошена во облик на електромагнетно зрачење ќе биде рециклирана.

Со ваквите пронајдоци ќе можат да се полнат преносни уреди без да има потреба од директна струјна врска, што секако ќе го поздрават имателите на мобилни телефони и таблети кои, како што веќе напишавме, имаат катастрофален енергетски капацитет.

Извор: Phys.org, Crazy Engineers

 

 

Претходна статијаSony со нови супер зум објективи на компактните апарати
Следна статијаКамера без батерии што може да снима видео бесконечно