Големиот компјутер на Microsoft, наменет пред се за компаниите и нивните конференциски соби, конечно ја доживеа и својата промоција, со цена која оди до стратосферата, но со многу вградени можности, а благодарение на целосниот Windows 10 оперативен систем во него, прилагоден за користење на поголем екран.

Нормално, Surface Hub има екран на допир, но истиот не е обичен, туку поддржува до 100 различни точки на допирање, што значи дека на него може да работат повеќе личности одеднаш, што е и логично, со оглед на големината.

Исто така, поддржува и пишување, односно цртање со три пенкалца одеднаш, кои се осетливи и на притисок, а има и вградени 1080p камери за видео конференции и специјални микрофони кои го намалуваат шумот. Во внатрешноста нормално има цел компјутер, со Core i5 или Core i7 процесор, зависно од големината на дисплејот.

Да, ќе бидат достапни две големини. Првиот ќе биде 55 инчен со Full HD резолуција, како што спомнавме погоре и ќе чини 6999 долари, што делува како многу, но веројатно не е високо за многу од компаниите, кои би имале реална корист од него. Поголемиот модел пак има дисплеј со големина од 84 инчи и Ultra HD резолуција и чини 19.999 долари! Овие пари за среќа вклучуваат и моќна Quadro K2200 графичка картичка, но факт е дека цената и натаму е висока.

Surface Hub ќе биде достапен на 1 Јули оваа година, но се уште немаме информации кога ќе дојде во нашата земја. И секако, дали ќе има заинтересирани за него.

Извор: The Verge, The Next Web

Претходна статијаLeica Q – суперквалитетен фотоапарат за соодветна цена
Следна статијаИнтел Капитал лансира фонд вреден 125 милиони долари за да инвестира во жени претприемачи и претприемачи од незастапени малцинства