intel-logo

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИТЕ:

  • Интел Капитал го најави фондот за разновидност на Интел – најголем од овој вид – да инвестира 125 милиони долари во бизниси водени од жени и незастапени малцинства.
  • Фондот почнува со инвестивии во четири компании – Brit + Co*, CareCloud*, Mark One*, и Venafi* – широк спектар на индустрии, вклучувајки ги интернетот на нештата, креаторското движење, клауд компјутинг и сајбер-безбедност.
  • Фондот ќе го надополни фондот за разновидност на Интел вреден 300 милиони долари, објавен во јануари, кој има за цел компанијата да постигне целосна застапеност на жените и незастапените малцинства во својата работна сила во С.А.Д до 2020 година.

Санта Клара, Калифорнија, 9-ти јуни, 2015 – Интел Капитал, глобална инвестициска организација на Интел корпорацијата, денес го објави фондот за разновидност на Интел, преку кој ќе се инвестира во технолошки стартапи водени од жени и од незастапени малцинства. Исто така, објавени беа првите инвестиции на фондот во четири компании, предводени од инспиративни пионери. Како најголем од ваков вид, фондот изнесува 125 милиони долари и ќе покрие со инвестиции широк спектар на иновативни индустрии.

„Ние веруваме дека разновидност и инклузивност на работното место се од фундаментално значење за испорачување на бизнис резултати,“ рече извршниот директор на Интел Брајан Крзанич. „Нашата цел е со овој фонд значително да ги поддржиме технолошките стартапи, а нивната работна сила да е одраз на општеството, за на крајот Интел и пошироката економија да имаат бенефит од неговиот успех.“

Денешните вести следат по јануарската објава на Интел-овата Diversity in Technology иницијатива, со цел да се поттикне поголема разновидност кај Интел, како и во технолошката индустрија во целост. Интел ја обелодени својата намера да постигне целосна застапеност на жените и малцинствата кај својата работна сила во С.А.Д до 2020 година.

„Горди сме што преземаме водечка улога и пошироко учество во технолошкото претприемништво и вработување, рече Лиса М. Ламберт, извршен директор и потпретседател на Интел Капитал, го води фондот за диверзитет. „Со овој нов фонд, Интел Капитал се посветува на инвестирањето во најголемите таленти од огромен број на средини за да култивираат брилијантни иновации кои ќе служат на различните потреби на луѓето.

Само 15 проценти од компаниите финансирани со заеднички капитал во С.А.Д имаат жена како дел од извршниот тим, според истражување на Бабсон колеџ, и компаниите со жена на позицијата извршен директор добиваат само 3 проценти од целиот заеднички капитал. 1 Исто така, помалку од 1 отсто од основачите на компании во Силиконската долина се Афроамериканец или латино; речиси 100 проценти од основачите се бели или Азијци, според индустриски истражувања. 2

Фондот за разновидност на Интел започна со инвестиции во четири компании, кои ќе добијат пристап до програмите за развој на бизнис на Интел Капитал, глобална мрежа, технолошка експертиза и капитал за брендот.

  • Brit + Co* (Сан Франциско) отклучува креативност преку едуцирање, инспирира и поддржува жени и девојки. Платформа за е-медиа и е-трговија, онлајн предавањата и се-во-едно колекции и им овозможува на креаторите да научат од калиграфија до правење на гаџети со Интел Галилео плочи.
  • CareCloud* (Мајами) е водечки провајдер на клауд менаџмент, електронски здравствени картони, медицински софтвер за наплата и услуги за медицински групации, Интел и „CareCloud“ имаат заеднички клауд компјутинг во здравствениот систем.
  • Mark One* (Сан Франциско) го користи Intel® Curie™ модулот за хардвер за да креира паметна чаша што автоматски ќе го препознае секој пијалок што ќе се стави во неа, ја покажува нутритивната вредност и ги синхронизира навиките за внесување течности на смартфонот на корисникот.
  • Venafi* (Солт Лејк Сити) е имунолошкиот систем на интернетот (Immune System for the Internet™). „Venafi“ го штити основниот елемент на сајбер-безбедноста – криптографските клучеви и дигитални сертификати – за да не можат да се злоупотребат. „Venafi“ константно проверува на кои клучеви и сертификати може да се верува, или ги поправа или блокира оние на кои не може. Со решението на „Venafi“, Интел ќе продолжи да испорачува водечка безбедност и технологии за центри за податоци.

За повеќе информации во врска со фондот за разновидност на Интел Капитал, Ве молиме посетете ја страницата www.intelcapital.com.

За Интел Капитал

Интел Капитал, глобална инвестициска организација на Интел, инвестира во иновативни стартап технолошки производи и технологии низ целиот свет. Интел Капитал инвестира во широк спектар на компании кои нудат хардвер, софтвер и услуги насочени кон претпријатие, мобилност, потрошувачки интернет, дигитални медиуми и производство на полупроводници. Од 1991 година, Интел Капитал има инвестирано повеќе од 11,4 милијарди долари во повеќе од 1400 компании од 57 држави. Во таа временска рамка, 211 компании излегле со акции на различни берзи во светот и 369 биле купени или вклучени во спојувања. За повеќе информации за она што го прави Интел Капитал еден од најмоќните светски фирми за капитал, посетете ја страницата www.intelcapital.com или следете го @Intelcapital.

За Интел

Интел (NASDAQ: INTC) е светски предводник во иновации од областа на процесирањето. Компанијата дизајнира и гради есенцијални технологии кои служат како основа за светските компјутерски уреди. Како лидер во општествената одговорност и одржливост, Интел ги произведува првите комерцијално достапни “conflict-free” микропроцесори. Дополнителни информации за Интел може да се најдат на веб страниците: newsroom.intel.com и blogs.intel.com и за напорите на Интел за “Conflict-free” на http://conflictfree.intel.com.

Претходна статијаMicrosoft Surface Hub е 55 инчен Windows 10 компјутер кој чини 6999 долари!
Следна статијаGoogle ја претстави Sidewalk Labs – Нова компанија за подобрување на живеењето во градовите