leica-q

Се занимавате со фотографија веќе некое време, но вашиот фотоапарат веќе не е достоен на задачата? Имате 4.250 долари за трошење за апарат кој ќе ги исплати сите пари дадени за него? Сакате фабрички средено квалитетно решение без многу малтретирање и чепкање од ваша страна? Не сакате да купувате дополнително објективи и претпочитувате тој што доаѓа со апаратот да си ја заврши работата? Имаме решение за вас.

Запознајте се со Leica Q, нов апарат од овој производител кој цели на повисока средна класа која навлегува во висока професионална класа на фотоапарати. Leica Q е направен со квалитет при ум пред се`, слично како и другите производи на Leica меѓу кои нема да најдете евтин или неквалитетен. Тоа што Leica Q го има на располагање е следново:

  • 24 мегапикселен CMOS сензор
  • 28 милиметарски објектив Summilux f/1.7 кој не може да се смени, со авто- или мануелен фокус
  • LCD осетлив на допир
  • окулар со 3,68 мегапиксели резолуција, што е една од најдобрите во класата
  • брзо создавање на до 10 слики во секунда
  • поддршка за JPG или RAW форматите
  • WiFi за сликање од далеку
  • дигитален зум
  • тело направено од магнезиум и алуминиум

Од Leica вклучуваат и копија од Adobe Lightroom, познатиот програм за уредување на фотографии, со цел веднаш да можете да работите со вашите фотографии без да мора да барате кој точно програм ви треба. Тоа е одличен избор од страна на Leica бидејќи Lightroom е веќе соодветен програм, а фотографиите кои ги создавате со Q секако ќе треба да ги уредите да бидат прифатливи за намената.

Ако барате фотоапарат кој едноставно работи без да мора да знаете се` што постои на него и без да имате потреба да менувате објективи, Leica Q е правиот избор. Цената е дефинитивно неприфатлива за почетници, но секако би се согласиле дека професионалните фотографи ќе гледаат позитивно на овој производ од повисока класа.

Извор: The Verge, Tech Crunch

Претходна статијаZTE ќе го лансира првиот телефон со Ultra HD екран
Следна статијаMicrosoft Surface Hub е 55 инчен Windows 10 компјутер кој чини 6999 долари!