moto-hint

Motorola минатата недела претстави два нови модели на мобилни телефони, меѓу кои и Moto X, модел наменет за корисниците на уреди од високата класа. Заедно со овие телефони од компанијата ги претставија и Moto Hint, мали Bluetooth слушалки кои што е со големина колку да ги собере удобно во вашето уво. Целата слушалка се наоѓа во вашето уво, па таа скоро и да не се гледа, како што тоа е случајот со стандардните слушалки.

Moto Hint не вклучува копчиња, па работи преку притискање на нејзината површина која што е осетлива на допир за вклучување и исклучување на повикот. Иако работат и со други мобилни телефони, наменети се за користење со Moto X и неговата Moto Voice функција за гласовни команди.

Со едно полнење од Motorola најавуваат можност за користење од 10 часа во разговор, а со уредот доаѓа и полнач кој што има своја вградена батерија. Полначот вклучува доволно енергија за две дополнителни полнења, па никогаш нема да бидете во ситуација да не можете да го користите Moto Hint.

Извор: Engadget, The Verge

Претходна статија„Hey Cortana“ активација доаѓа со наредната надградба на Lumia уредите
Следна статијаНовиот Nokia безжичен полнач ве известува кога треба да го полните вашиот телефон
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.