Wireless-charging-plate-hero

Оваа недела се одржува IFA 2014 настанот во Берлин, па веќе можевме да видиме доста нови и интересни уред претставени од производителите. Nokia, односно сега Microsoft претставија три нови Lumia модели од ниската и средната класа. Заедно со овие мобилни, тие претставија уште неколку додатоци кои што треба да го надополнат корисничкото искуство.

Еден од дополнителни уреди претставени со новите мобилни е безжичниот полнач, кој што овој пат доаѓа со неколку интересни можности. Работи на веќе познатиот Qi стандард кои што повеќето Lumia модели го имаат вградено или имаат можност за додавање. Овие полначи работат со едноставно поставување на уредот врз нив, по што полнењето се прави без потреба од вклучување на кабли. Меѓутоа може да се каже дека тоа беше нивната единствена намена и тие во главно остануваат незабележани на масата до потребата за полнење, а и потоа стојат скриени зад мобилниот телефон.

Новиот модел на полнач, Nokia Wireless Charging Plate DT – 903 вклучува LED светилки, Bluetooth чип, како и NFC. Доколку го поврзете вашиот мобилен телефон преку Bluetooth, секогаш кога сте во близина на полначот, а батеријата е под 30%, полначот ќе почне да трепка и со тоа ве известува дека е време да го наполните вашиот мобилен телефон.

DT-903-Wireless-charging-plate-multi-purpose

Исто така, кога ќе го поставите да се полни, покрај тоа што светилките почнуваат да светат, секогаш кога ќе добиете повик или нова порака, тие трепкаат за да ве известат дека имате пропуштено нотификација. Ова ви овозможува да го оставите телефонот да се полни, а доколку имате пропуштено нешто, нема потреба да го отклучувате, па полначот ќе ве извести за тоа.

Извор: WPCentral, Nokia

Претходна статијаMoto Hint: Мали Bluetooth слушалки за новиот Moto X
Следна статијаBleep: USB кабел за вашиот мобилен кој што прави бекап на вашите податоци
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.