Опцијата Facebook Live од денес е достапна и преку PC. Develop-ерите од Facebook направија исчекор, овозможувајќи ја популарната опција за streaming во живо, покрај за корисниците на мобилните и за корисниците на десктоп уредите. Тоа пракитчно би значело дека отсега, опцијата е достапна за сите корисници на Facebook.

Примарно опцијата не беше достапна за приватните профили на корисниците, туку само за страните (претходно препознатливи како Fan Page), но од неодамна е достапна за секој кој поседува Facebook.

Функционалноста на досегашниот Live ќе биде подобрена со оглед на тоа што корисниците ќе можат да емитуваат видео од вградената камера на својот компјутер, па дури и висококвалитетна камера поврзана со компјутерот. Тоа ќе придонесе за подобрување на квалитетот на самото видео како и искуството на гледачите.

Понатаму, опцијата отсега ќе вклучува можност за користење на неколку камери одеднаш, прикажување на графикони или текстуални дополнувања, слични на оние препознатливи за телевизиските вести.

Со тоа Facebook директно ќе им овозможи на своите корисници сосема едноставно да креираат и прикажуваат поквалитетна содржина во вистинско време.

Може да се заклучи дека корисниците на Facebook отсега ќе се претворат во сериозна конкуренција на медиумските куќи, но и забавните видео-базирани платформи. Практичната намена на оваа опција се очекува да добие широки размери, со оглед на големиот број на можности кои ги нуди.

Најважно од се е што дополнителните опции како и самиот интерфејс на Live ќе биде вграден во постоечкиот изглед на Facebook, што значи дека опцијата ќе биде лесно достапна и крајно едноставна за користење, па така веројатно ќе биде мега-популарна.

Што се однесува до публиката, Live емитувањето ќе се прикажува потполно исто како и до сега во News Feeds секцијата.

Извор: Facebook

Претходна статијаMicrosoft ги стопира Windows 7 и 8.1 надградбите за новите Intel Kaby Lake и AMD Ryzen чипови
Следна статијаMicrosoft Project Rome ќе овозможи интеракција на Android со Windows апликации