Оние кои планираат да направат моќен десктоп компјутер со новите Intel Kaby Lake или пак AMD Ryzen чипови (како и Qualcomm 8896), треба да планираат и дека ќе користат исклучиво Windows 10, бидејќи постарите оперативни системи на Microsoft веќе не се поддржани на најновите процесори.

Ова веќе беше најавено и е целосно очекувано. Да, има многу корисници на кои нема да им се допадне, но во секој друг еко систем, најновите процесори одат и со најновиот софтвер, па нема особена причина зошто не би било така и во Windows светот. Згора на тоа, постарите Skylake и Broadwell чипови се и натаму доволно моќни и тие ќе продолжат да добиваат надградби кај постарите оперативни системи.

За ова има и реални причини, како поддршка со драјвери. Windows 7 на пример веќе не е спремен за работа со чипови со вакви архитектури и оптимизации и тоа може да направи цела серија на проблеми во работењето на скоро сите компоненти во системот. Ситуацијата со Windows 8.1 е малку подобра, но тој и така не беше претерано популарен оперативен систем и Windows 10 е вистински добра негова замена.

Останатите корисници, кои ги немаат најновите чипови, не треба да се грижат премногу, бидејќи стопирањето на надградбите не важи за нив.

Извор: The Hacker News, ExtremeTech, ARSTechnica

Претходна статијаНова урбана приказна во оптичкото поле со отворање на Dioptra Couture
Следна статијаFacebook Live отсега и преку десктоп