12-600x300

Гејмерите ги обожаваат своите конзоли и прават чудни комбинации за да го направат своето играчко искуство што е можно помоќно. Еди Зарик е човек кој што одлично го владее Autodesk Inventor, нешто со кое што ја има направено следната интересна креација.

Тој е добро познат уште пред две години по својата модифицирана конзола Xbox 360, кога успеа да ги спои внатрешните делови на конзолата на Microsoft со 19 инчен екран.

Овој пат неговата нова креација е комбинација од Xbox One и поголем 22 инчен HD екран. Тој доста добро во своја корист ја свртел комерцијализацијата на 3D печатачите, па така неговата модификација Xbook One решил и да ја продава. Зарик својот труд го наплаќа по цена од 1.095 долари, но доколку немате ваш Xbox One тогаш целата комбинација би ве чинела 1.395 долари.

6

Еди доста инвестира во својот занает за што користи MakerBot Replicator 2s, ласер со моќност од 40 вати и CNC router. За да ја испорача својата креација само во САД ќе ве чини 75 долари, а за да се осигура дека нема да подлегне на некоја измама Зарик бара и 750 долари како капар.

Овој мајстор не модифицира само конзоли,  прави се’ и сешто од флипери, подобрувања во домот, алатки, па и модифицирања за автомобилите.

Извор: Eds Junk, Geek

Претходна статијаПретставена TODO групата, ќе работи на унапредување на користењето на open source софтвер
Следна статијаСетот VRAir нуди виртуелна реалност за ниска цена